web stats
 
 
     
 
 

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

 
 
   

Што е Паметна куќа?

 

Паметна куќа е концепт на модерното домаќинство и животот во него. Куќата е “паметна” затоа што моментално се “прилагодува” на активностите, расположенијата, навиките и животниот стил на секој член, а при тоа остварува енергетска заштеда. Паметна куќа е систем на куќна автоматика, максимално едноставен за користење, одржување и вградување. Целта на ова напредно технолошко решение е подобрување на квалитетот на живеење.


ПАМЕТНА КУЌА е домашен заштитен знак (brend) под кој што се продаваат системите на куќна автоматика кои што ги проектираше MT-EС ПРОЕКТ, обучена и сертифицирана фирма на дистрибутери на системот. Паметна куќа е повеќе од самиот заштитен знак, комерцијалното име и технолошкото решение за автоматизирање на домаќинството, тоа е име што го објаснува концептот на модерното домаќинство и животот во него. Тој концепт се заснова на потребите на современото семејство да ги поминуваат поквалитетно и посодржајно, за жал, се пократкотрајните заеднички мигови и слободното време во домот.
Освен животниот стил, конфорот, безбедноста и сигурноста на станарите, рационално користење на постојаниот недостаток на временски ресурси, концептот одразбира присуство и подигање на свест за потребата на рационално искористење на енергетските ресурси, чија што економска цена ќе биде се поголема, а глобалната расположливост се помала, во новиот век.

Да се задоволат потребите за што поквалитетен живот на современото домаќинство, а при тоа да се оствари значајна енергетска заштеда, е основната задача на куќната автоматика. Постигнувањето на оптимален однос помеѓу овие две навидум корелативни величини, куќната автоматика ја достигнува целосно својата смисла и корисност.
MT-EС ПРОЕКТ на регионалниот пазар носи внимателно селектирани и тестирани компоненти (модули) од познати светски производители, економски и технолошки оптимизирани и збогатени со домашни знаења, прилагодени на специфичните потреби на корисниците во регионот, со желба и мисла да го зголеми нивото на квалитетно живеење,реку рационализација на електричната потрошувачка на земјите во регионот.

Концептот на Паметна куќа е заснован на користење на Х 10 протоколи за пренос на управувачкиот дигитален сигнал низ веќе постоечката електроенергетска инсталација, пратен со SWT (Security Wireless Technology) стандардот. Овој протокол и стандард во согласност со сите сигурносни и безбедносни законски нормативи во најразвиените земји, дава можност системот да се имплементира без додатни градежни работи и проектирања за посебна паралелна инсталација, како на објектите во изградба, така и на станбените објекти кои што се веќе во функција.
Покривајќи до 256 различни уреди, овој принцип повеќекратно ја намалува економската цена, а истовремено ја запазува и унапредува функционалноста, значително го зголемува бројот на потенцијалните корисници и значително го упростува самото вградување.

Модуларниот приста и Lego системот ни овозможува да во секое време можеме да проектираме оптимален, флексибилен и интегриран систем кој што во целост ќе се прилагоди на специфиниот начин и стил на живот, на моменталните активности, расположенија и навики на членовите во домот.Исто така системот е во целост отворен за евентуални идни надоградби во случај на појава на нови потреби, прилагодувања, репрограмирања, така да обезбеден е 100 % степен на искористување и секогаш отимален однос помеѓу цената и корисноста на системот.

Користејќи ги повеќегодишните искиства од развојот и екплатацијата на системот на куќна автоматика во најразвиените земји (напрепознатливи комерцијални имиња се (SMART HOME, SMART HOUSE, INTELLIGENT HOME, HOME AUTOMATION, HOME CONTROL, POWER HOUSE, DOMOTICO, Умный дом, ...), Паметна куќа е концепирана како систем на куќна автоматика максимално едноставна за користење, одржување и уградување и како напредно технолошко решение во служба на зголемување на квалитетот на живеење, како енергетска ефикасност и како заштита на животната средина.



* за разлика од стандардната функционалност на системот ПАМЕТНА КУЌА, за оваа опција на управување потребно е да се постави соодветна жична инсталација

 

 
     
Design by MediaDotCom