web stats
 
 
     
 
 

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

 
 
   

Управување со далечински управувач

 

Најчест начин на управување со куќната автоматика е управувањето со универзалниот далечински управувач


Управувањето со далечинскиот управувач се врши со помош на универзалниот далечински IC\RF управувач со touch screen-от EASYTOUCH35 или со некој друг модел на холандскиот производител MARMITEK. Групите на расвета можеме да ги уклучуваме, исклучуваме или димуваме (до 250W по групи) додека пак останатите куќни апарати може да се уклучуват или исклучуваат. Може да се репрограмираат 9 програмски сценарија (макроа) на еден далечински управувач.

Програмските сценарија подразбираат да со едно притискање на далечинскиот управувач, симултано се извршат повеќе команди одеднаш (до 20), според редоследот кој што сме го репрограмирале, така да брзо и едноставно куќата се “прилагодува” на посакуваниот амбиент на моменталната активност или на моменталното расположение. Кога работи во RF модулот, далечинскиот управувач ET35 управува и “низ ѕидовите” на куќната автоматика, додека пак при работа со IC режимот се заменуваат сите постоечки далечински управители на телевизорот, ДВД-то, аудио апаратите, сателитската телевизија, кабелската телевизија, ВЦР-от и останатите апарати со IC приемник.

 
 
 
  Принт
   
 
     
Design by MediaDotCom