web stats
 
 
     
 
 

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

Куќата е Паметна затоа што се прилагодува на моменталната активност, расположение, навики и животниот стил на сопствениците ...
                                             

 
 
   

Уравување на куќната автоматика преку компјутер

 

Системот Паметна куќа може едноставно далечински да се управува преку интернет мрежата на куќниот и преку дислоциран компјутер или лаптоп.


Управувањето на куќната автоматика преку интернет се врши со помош на програмската апликација ACTIVEHOME™ и HOMESEER™. За овој начин на управување неопходно е да се обезбеди перманентен пристап на интернет и инсталиран компјутер. Корисникот на куќната автоматика во својот станбен објект се поврзува преку интернет мрежата со логирање на адресата на куќниот комјутер кој што визуелно го информира за моменталната состојба на сите автоматизирани апарати, репрограмирање на логиката за активирање и деактивирање на апаратите и програмските сценарија (макроа) во реално време ( во одреден ден, саат, минута, седмица, ден во седмицата, месец итн.). Со едноставна команда корисникот управува со автоматизираните апарати и о желба ја менува репрограмираната логика со друг дислоциран комјутер кој што е поврзан на интернет мрежата. Со овој вид на управување често оди и видео надѕор реализиран IP Pan&Tilt со ротациона колор камера.
Управувањето на куќната автоматика преку компјутер својата најинтензивна примена ја наоѓа кај корисниците кои што најголем дел од своето работно и слободно време го поминуваат на пат, кои живеат и работат во странсво, кои секојдневно го користат латопот и на кои што слободното време им е критичен ресурс. Тие корисници кои всушност веќе ги користат сите достапни предности на најновите информатики технолигии во својот стил и начин на живот, на овој начин далечински, за време кое што се мери во минути и секунди, практино го подготвуваат амбиентот во куќата/станот за своето пристигнување и така ниво на ефикасност и конфорд моментално го подигнуваат на највисоко ниво. Самите програмски апликации се максимално прилагодени за што поедноставно и побрзо управување и контрола на куќната автоматика и не е потребна никаква додатна обука за корисниците кои компјутерот го користат во секојдневниот живот.

   
  Принт
 
 
     
Design by MediaDotCom